| четврток, 6 декември 2018 |

Бразил му носи среќа на Надал

Рафаел Надал ја освои титулата во Рио де Жанеиро по победата над Олександр Долгополов во два сета и го прокнижи 62. трофеј во кариерата.

Со 6-3, 7-6 шпанскиот ас славеше во завршниот меч, со што ја прдоложи серијата без пораз кога настапува во Бразил. Настапите во земјата на самбата, кафето и фудбалот му носат среќа на Рафа, а тој изјави дека сака да ја продолжи низата до 2016 година.

Со триумфот во Рио, Надал ја освои втората АТП-титула годинава и остана првопласиран на светската ранг-листа со убедлива предност од 3.500 поени пред Новак Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top