| четврток, 6 декември 2018 |

Што посакува еден милијардер за роденден?

Едно од прашањата што вчера му беше поставено на Бил Гејт во „Reddit“ беше и какви подароци сака да добие за својот роденден

Bill-Gates1
Навистина што ли им подаруваат на луѓето кои можат да си купат се’?

Гејтс прво се пошегува и одговори „Слободен софтвер”.

Потоа кажа дека најчесто неговите пријатели му подаруваат книги.

Гејтс рече дека неговата омилена книга во последните 10 години е

„Better Angels of our Nature“ на Стивен Пинкер.

– Таа е прилично голема, но претставува темелна анализа за тоа како и зошто насилството и дискриминацијата во светот се намалуваат- објасни Гејтс.

На прашањето кои се најевтините нешта што му прават задоволство, тој одговори: децата, евтините хамбургери, бесплатните курсеви Open Course Ware.”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top