Водачот на легендарната група „Леб и сол“, Влатко Стефановски, кажува зошто е фасциниран од гитарата, но и дека не го изненадува тоа што девојките ги сакаат музичарите, бидејќи според него, музичар со инструмент изгледа секси, пренесуваат хрватските медиуми.
– На мажите кои свират гитара тој инструмент име е замена за жена, но и за љубов. Гитарата има изглед како женското тело и преубава е – вели Стефановски.
Тој истакнал дека не е изненаден од фактот што девојките „паѓаат“ на гитаристи.
-Секси е да гледаш некој како свири. Дури и јас некогаш се возбудувам кога ќе гледам некој добар гитарист- шеговито вели Стефановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



