Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Повреда на правото на дистрибутерот на технички посебно заштитен сателитски сигнал“ СВР Охрид поднесок кривична пријава против правното лице “Алтра Сат 2000“-Охрид како и против сопственикот Т.Т.(60) од Охрид.
На 29-ти минатиот месец, кај правното лице-кабелска телевизија“Алтра-Сат 2000“ лоцирана во трговскиот центар “Охриѓанка“, пронајдени се и одземени триесет и три дигитални ресивери со кои, пријавените со намера да прибават противправна имотна корист преку кабелска мрежа неовластено дистрибуи- рале и ставале на располагање на јавноста заштитени телевизиски канали, односно истите ги реемитувале без претходно да добијат одобрение од Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.
Тоа го направиле без одобрение од овластениот дистрибутер на технички посебно заштитен сателитски сигнал. Овластениот преставник на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги констатирал дека кабелскиот оператор “Алтра-Сат 2000“ Охрид реемитува триесет и три канали на кои им е истечен договорот со Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.
Според законот за авторско право и сродни права, неовластено дистрибуираните телевизиските канали се лиценцирани како заштитни производи-“марки“ во Република Македонија. Според законот за радиодифузна дејност субјектите кои реемитуваат програмски сревиси преку јавна радиодифузна мрежа се должни програмските сервиси да ги регистрираат во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како целина во вид на пакети и притоа да доставуваат потврда за уредени авторски и сродни права издадена од Министерство за Култура на Република Македонија.
Ваквата активност СВР Охрид ја реализира во содејство со Координативното тело за Интелектуална сопственост при Влада на Република Македонија, Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи, преставници од Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги и Агенцијата за Електронски комуникации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


