| четврток, 6 декември 2018 |

Жилав е Металург, во пеколот во Скопје и одржа полчасовна лекција од ракомет на Барса (15-11)

Жилава екипа е Металург, а повторно по којзнае кој пат тоа го докажува и против најмоќните ракометни екипи на планетата. Во пеколна атмосфера во салата „Борис Трајковски“ металурзите играат одлично против Барселона и на полувреме заминаа со предност од 15-11.

Барселона со неколку гола во серија поведе со 10-7, но ракометарите во „сини“ дресови носени од публиката направија контра серија од 4-0 и поведоа со 11-10.

Триото Вугринец, Миркуловски и Георгиевски беа најефикасни заедном постигнаа 10 гола, а сите играчи на Мателург одиграа извонредно предводени од голманот Станиќ кој им одбрани 7 удари на гостите. Во финишот во блескав стил го на голот го замени Митревски, а и тој бранеше одлично.

Најубавата акција на Металург во комбинација на Вугринец и Георгиевски ги збуни големите ѕвезди на Барселона, а погодокот беше прекрасен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top