| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбени две цркви во Тетовско

crkva 2

Непознати сторители синоќа извршиле кражби во црквите „Свети Илија“ во тетовско Раотинце и „Света Петка“ во Туденце.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, сторителите насилно влегле откако ги скршиле бравите на вратите. Од црквата во Раотинце се одземени сребрен крст од 14. век и една украсна топка, додека од црквата во Туденце 10 литри масло за јадење и 500 денари.

На двете места е извршен увид и земени се траги за вештачење. Полицијата работи на откривање на сторителите.

Минатата недела откри и осомничи седумчлена група за 14 кражби извршени во регионот меѓу
кои беа и кражбите во црквите во селата Беловиште, Вратница и Волковија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top