Милош Нинковиќ, играч на фудбалскиот клуб Црвена Ѕвезда, од Белград, платил најголем дел од сумата од 80 илјади евра потребна за лечење на малечката Уна, која боледува од тешка болест., објави „Во Штип“.
Уна Савиќ боледува од тешка форма на леукемија и се наоѓа на лечење во болница во Франфкурт, каде трошоците за самиот престој се огромни, исто како и цената за операцијата за пресадување на коскена срж.

Во Србија трае голема хуманитарна акција во која се собираа потребните средства, но како и вообичаено, сумата која била собрана била и незначителна, па фудбалерот кога ја прочитал информацијата едноставно ги додал сите пари кои преостанувале за да се пополни фондот од 80 илјади евра.
Нинковиќ сеуште не се појавил во јавност и не дава никакви изјави, само ги уплатил парите на сметката без помпа и знаење на медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


