Меѓу демонстрантите кои повеќе од 15 дена протестираат на улиците на Сараево, се појавил и познатиот хрватски актер Раде Шербеџија. Скандирајќи го неговото име, со пораката “На мака се познаваат јунаците”, демонстрантите го дочекале актерот.
Шербеџија бил дел од големите анти-воени демонстрации одржани во Сараево во април во 1992. година, кои биле последна надеж за мир, и по кои започнала војната во БиХ.
– Имаат право да бараат одговори на нивните прашања, но по мирен пат. Прашањата се за луѓето кои тие ги избраа, рекол Шербеџија.
Според него лошо е што луѓето мора да се собираат по плоштадите и да стојат на дождот.
– Тешко ми е што сум овде на ваков начин. Тажно е. Сепак, на некој начин тоа не е исто како кога започна војната. Тоа беа други времиња, појаснил Шербеџија, кој додал дека овие настани немаат никаква врска со политика.
– Ова е вистински бунт на народот, истакнал тој.
Шербеџија им порачал на граѓаните дека можат да бидат задоволни со тоа што го направија со протестите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кога најблизок ќе ти замине, не се зборува: Шербеџија потресен од големата загуба!
-
Неред по улиците на Сараево: Воени ветерани уништуваат и кршат што ќе стигнат (видео)
-
Tрадиционалниот концерт на Сараевската филхармонија, оваа година во знакот на Македонија
-
Имав 0,8 промили алкохол, три пати ми правеа алкотест – се огласи и Шербеџија