Австриецот Марио Мат е олимписки шампион во слалом, во трка што е историска за македонскиот алпинист Антонио Ристевски, кој го совои 29. место, што е најдобар пласман на наш скијач на Олимпијадите.
Втората трка донесе многу изненадувања, падови и откажувања, што најдобро ги искористи Мат и со вкупно време од една минута, 41 секунда и 84 стотинки. Зад него како второпласиран зврши неговиот сонародник Марсел Хиршер, а бронзата замина за Норвешка, а ја освои Хенрик Кристоферсон.
Ристевски задоцни за 16,6 секунди зад Мат, а неговиот пласман на 29. позиција е најдобар во зимските спортови воопшто на олимписки игри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.