| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Некролозите за Аџиев се најновото лудило на СДСМ

vmro-dpmne1_1

Лажните некролози за смртта на Томе Аџиев, претседател на комисијата за верификација на фактите, попозната како Лустрациска комисија, е најгрозоморното нешто што СДСМ може да го смисли, соопштија од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Како што обвинија во саботата од ВМРО-ДПМНЕ, распространувањето на некролозите покажува дека најголемата опозицска партија СДСМ „повторно го достигна дното во своето политичко дејствување”, што го сметаат за логичен епилог од „ниската и приземна кампања против лустрацијата”, што социјалдемократите ја водат проти процесот на проверка за сегашни и поранешни политички и јавни личности кои биле соработници на тајните служби во комунистичкиот режим на поранешната држава.

„Лажните некролози за измислената смрт на г-дин Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти, е најгрозоморното нешто што луѓето на СДСМ можеле да го смислат и спроведат. Каде оди СДСМ? По кој пат тргнала? Зар вака имаат намера да си ја повратат довербата од граѓаните?”, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија го обвини својот опонент дека по неколку месеци „ниска кампања испреплетена со многу подметнувања, сплеткарења, лажни претставувања, манипулации и лаги” , се чини дека во СДСМ го „изгубиле компасот” и жалат што во редовите на оваа партија „нема разум и мудрост, но има фрустрации и омраза”, поттикнати од политичките неуспеси.

Во писмената изјава од ВМРО-ДПМНЕ бараат од СДСМ, јавно да се извинат за хајки и подметнувања во однос на Томе Аџиев, но и на сите граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top