Фудбалерите на Арсенал и на Хал постигнаа по 4 гола во уверливите победи против Сандерленд, односно Кардиф, а минимален триумф во 22. коло од Премиерлигата забележа и Манчестер сити против Стоук.
Оливие Жиру со два гола и една асистенција до Росицки ја потврди грешката на Арсен Венгер за мечот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Венгер не му даде шанса на Жиру да го почне мечот со европскиот првак, а попладнево со одлична игра му покажа на францускиот менаџер дека погрешил.
Четвртиот гол за „топчиите“ го постигна Кошчиелни на асистенција на Казорла. Резервниот играч на Сандерленд Џакерини беше стрелец на почесниот погодок за „црните мачки“.
Во составот на Хал во Кардиф блескаше хрватскиот интеренационалец Никица Јелавиќ. Тој постигна два гола во победата на гости од 4-0, а останатите два погодока беа дело на Хаделстон и на Ливермор.
Успех забележа и Вест Хем против Саутемптон и тоа со пресврт. Гостите поведоа со голот на Јошида, а потоа со 3 гола во решија на Џарвис, Кол и на Нолан „чеканите“ освоија 3 бода.
Во Манчестер, Сити го победи Стоук со голот на Јаја Туре, а во Бирмингем Вест Бромвич Албион и Фулам ремизираа во битката за избегнување на опасната зона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.