Хамбургер направи големо изненадување во 22 коло од Бундеслигата, со уверливата победа од 3-0 против европскиот вицешампион Борусија Дортмунд, а вистински фестивал од пенал-утки проследија гледачите во Нинберг на дуелот меѓу домашниот тим и Ајнтрахт Брауншвајг.
Хамбургер неочекувано лесно со головите на Јирачек, на Ласога и на Калханоглу ги освои бодовите против Борусија и со 19 бода стаса на делба на 15. позиција, последна што гарантира опстанок. Ист број бодови има и Штутгарт по денешниот пораз од Херта со 1-2, а со ист резултат Нирберг го поебеди Ајнтрахт од Брауншвајг.
На тој меч гостите промашија два пенали, домаќините им се приклучија со една утка од белата точка, но сепак славеа со головите на Кијотаке и на Пекхарт. Кијотаке потоа промаши и пенал, за среќа на Нирберг без влијание на исходот на мечот. Гостите од Брауншвајг ја имаа победата в раце, но си заминаа без бодови. Кумбела им донесе предност од 1-0, Нирнберг од 33. минута играше со 10 играчи, а Кумбела промаши и пенал за 0-2. При резултат 2-1 за Нирберг и Бичакчиќ од Ајнтрахт не успеа да погоди од белата точка, а нешто подоцна ревијата на пенал-утки ја комплетираше Кијотаке, стрелецот на првиот гол на мечот.
Во натпревар со два пресврти Аугсбург го победи Фрајбург на гости со 4-2, додека Борусија Менхенгалдбах прокоцка предност од 2-0 со Хофенхајм и на крајот освои само еден бод со реми, 2-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.