| четврток, 6 декември 2018 |

Робак на турбо погон, со 5 гола сам го победи Лех Познањ

Напаѓачот на полскиот прволигаш Погон Шчечин, Марчин Робак приреди редок подвиг на фудбалските терени и со 5 погодоци речиси сам го победи Лех Познањ. Годинава тоа е прва петка на еден играч во европските лиги, а Погон со головите на 32-годишниот напаѓач го декласира противникот со 5-1.

Раритет на мечот се и „покерот“ голови на Робак во првото полувреме, а шоуто на стрелецот почна во 16. минута. Последниот гол најдобриот играч на мечот го постигна во 73. минута. Со петардата против Лех, Робак се проби и на првото место на листата на најдобри стрелци во Полската Прва Лига и има 15 погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top