| четврток, 6 декември 2018 |

Евровизиската песна од утре во етер

тијана„Таму кај што припаѓам“ од утре ќе почне да се врти во етерот, најави МРТ. Песната што оваа година ќе нѐ претставува во Данска на Евровизија, премиерно ќе биде изведена во емисијата „Хит на месецот“.

-Значи голема чест, големо задоволство, и воопшто чест што се претставува еден таков народ, јас не се претставувам себе си и песната, ја претставувам цела Македонија и сите што се во неа духот го претставувам, така што значи многу, за мене значи многу. Евровизијата е едно од погледаните, ако не и најгледано шоу  после Олимпијадата- вели Тијана.

Автори на музиката за „Таму кај што припаѓам“ се Дарко Димитров и Лазе Цветковски, а текстот е на Елена Ристевска и Дарко Димитров. Сѐ уште не e одлучено дали Тијана Дапчевиќ ќе пее на македонски или англиски јазик.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top