Дваесетина дрвокрадци вечерва близу рудникот за мермер Сивец, на стариот пат Прилеп – Велес преку Дервен, со палки тупаници и клоци претепале двајца шумски полицајци, пренесе Канал 5. На припомош им пристигнала уште една екипа од шумската полиција. За да извлечат жива глава, од службените пиштоли пукале во воздух бидејќи, иако носат оружје во самоодбрана, несмеат да го користат.
Пред два дена, дел од овие дрвокрадци од ромска националност биле пресретнати од шумската полиција. Одземени им биле две возилото и украдените дрва. За да им се одмаздат на шумските полицајци, вечерва организирано ја нападнале патролата.
Повредените веднаш се однесени во итната медицинска помош, а оттаму во хируршкото одделение во прилепската болница. Од шумската полиција тврдат дека со дрвокрадците од прилепско и долненско, каде се уништуваат огромни површини од дабова и букова шума, водат вистинска војна, поднесуваат кривични пријави, ама судот не им изрекува казна затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.