| четврток, 6 декември 2018 |

Дрвокрадци истепале полицајци

Двајца полицајци завчера изеле ќотек од дрвокрадци во моментот кога се обиделе да ги спречат да растоварат украдени дрва, пишува вест.

Како што информираа од МВР, станува збор за А.С. (27) и И.Р. (21) и двајцата од Радовиш кои се уапсени и против нив, по целосното расветлување на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Инцидентот се случил завчера на улицата “Шаин Маале” кога тројца полициски службеници, додека биле на работа забележале автомобил “лада” без регистарски ознаки, од кое две непознати лица растоварале дабови огревни дрва. Преземајќи службени дејствија за да спречат лицата да ги растоварат дрвата, еден полициски службеник бил нападнат од страна на едното лице, кое со тупаници го удирало по главата, при што истиот паднал на земјата. Во моментот кога другиот полициски службеник му помагал на колегата да стане, истиот бил нападнат од другото лице, кое го удрило со дрво по десната нога, нанесувајќи му сериозна повреда. По настанот лицата се качиле во “ладата” и побегнале, а повредените полицајци биле однесени во Здравствениот дом заради укажување на лекарска помош.
Подоцна напаѓачите се приведени и било утврдено дека станува збор за А.С. и И.Р.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top