Лидерот на италијанската Демократска партија, Матео Ренци ја состави новата влада на Италија и порача дека цел е широката коалиција на власт да ги разбуди надежите во државата соочена со економски проблеми.
Ренци, досегашен градоначалник на Фиренца, со 39 години ќе стане најмладиот италијански премиер, откако утре ќе положи заклетва во парламентот.
Ренци изјави дека сака да испрати силна порака до меѓународната заедница дека неговата влада брзо ќе ги спроведе реформите на изборниот систем и во економијата.
Лидерот на најголемата италијанска партија на левиот центар ќе биде трет премиер по ред кој дошол на чело на владата без избори. Последен политичар кој стана премиерот по изборна победа беше конзервативецот Силвио Берлускони во 2008 година.
Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано му го довери оваа недела мандатот на Ренци да состави нова влада, откако претходниот премиер Енрико Лета поднесе оставка, бидејќи неговата Демократска партија, чиј лидер е Ренци, му ја ускрати довербата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Донесена одлука за почеток на јавната расправа за уставните измени
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Владата донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за 27 април


