| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски за Слободна Македонија: Бобо-Дајнерс е експерт за перење на пари

Stevce-Jakimovski-int74-3Кампањата на СДСМ е за жал плукачка, со измислување или конструкција на афери, оцени лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски за радио Слободна Македонија.

-Кампањата нема ништо конструктивно. Сметам дека им досадува на граѓаните да слушаат секојдневно измислени работи. Една таква беше за фамозните 20.000 купени гаќички во општина Карпош со алузија дека Стевчо перел пари. Јас сум за таа работа апсолутно неквалификуван и ќе морам да побарам часови од господинот Бобо Дајнерс, сопруг на Радмила Шеќеринска. Тој е експерт, очигледно му се познати овие работи. Јас верувам дека ќе може да ми даде квалитетни совети во тој дел- рече Јакимовски.

Тој посочува дека аферата за Шеќеринска и нејзиниот сопруг апсолутно има основа.

-По мое мислење, покрај таква висока кирија, се исплаќа и плата, а при тоа се прикривани придонеси за пензиско-инвалидско, здравствено осигурување и придонес за осигурување во случај на невработеност, што е спротивно од Законот за перење на пари, Законот за плата и спротивно на кривичниот законик во Република Македонија- заклучи Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top