Директорот на Генералниот директорат за проширување на Европската Унија Стефан Санино денеска пристигнал во ненајавена посета на земјава, јави Нетпрес.
Информацијата дека “десната рака“ на еврокомесарот на проширување Штефан Фуле е во земјава ја потврдуваат од делегација на ЕУ во Скопје, но велат дека немаат повеќе информации околу агендата на Санино.
Санино пред помалку од еден месец престојуваше во официјална посета на Македонија, тогаш имаше средби со премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Вељановски, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски и други државни и политички претставници.
Засега не се познати и мотивите за ваквата ненадејна посета на Санино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



