| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски во Брисел на средба со Санино

nikola-popovski1g

Никола Попоски, министерот за надворешни работи на Република Македонија, денеска е во работна посета на Брисел во рамки на која главен настан е традиционалната вечера организирана од високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Кетрин Ештон.

Покрај Попоски, на вечерата организирана од британската бароница на чело на европската дипломатија, ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на другите земји-кандидати за членство во Унијата.

Претходно, шефот на македонската дипломатија ќе има редовна работна средба со директорот на Директоратот за проширување при Европската комисија, Стефано Санино, со кого се очекува да разговара за остварените реформи во рамки на Пристапнито дијалог на високо ниво (ХЛАД), но и за други тековни обврски што македонската Влада ги остварува во рамки на европската интеграција на нашата земја.

Европската комисија преку Директоратот за проширување минатиот месец го објави Специјалниот извештај за Република Македонија во кој уште еднаш го повтори барањето до Европскито совет на Самит да одреди датум за почеток на пристапните преговори со нашата земја, а притоа констатира и напредок во однос на добрососедството со Бугарија и Грција и во реформите од ХЛАД-от.

Сега, единствено останува на Самитот на ЕС во јуни земјите-членки да ја прифатат петтата еднопдоруго позитивна препорака на Комисијата и да започнат преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top