Млада скопјанка со фалсифувани документи, склучила претплатнички договор со „Т-мобиле“. За кратко време направила телефонска сметка од 14.000 евра, по што била откриена од службите на „Т-мобиле“.
СВР Скопје – единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава и за Е.Е. (28) од Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело – фалсификување исправа.
Пријавената иако знаела дека е невработена, а знаејќи дека еден од условите за здобивање со право да се склучи стандарден претплатнички договор со „Т-Мобиле“ Македонија е да се достави доказ – потврда за работен однос, заверена од претпријатието каде што подносителот на барањето е вработено, на 5.1. минатата година во продажен салон на „Т-Мобиле“ поднела две барања за склучување на договор за засновање претплатнички однос за пристап и за користење на јавните комуникациски услуги при што во прилог кон барањата приложила копија од нејзина лична карта и употребила потврда за работен однос за која знаела дека е со невистинита содржина, односно дека, наводно, е вработена во „Мини евтинија“ Скопје, заверена со штембил од наведеното претпријатие на 4.1. 2013 година.
Од страна на „Т-Мобиле“ Македонија до СВР-Скопје – ЕЕКК е доставена кривична пријава со прилог документација со која се потврдува дека Е.Е. на 5.1. 2013 година во продажен салон на „Т-Мобиле“ поднела две барања за склучување договор за засновање претплатнички однос за пристап и користење на јавните комуникациски услуги. Истиот ден, барањата и биле одобрени, склучени и тоа два стандардни претплатнички договори и два анекси кон истите за користење на поволности од понуда 24 со кои и било овозможено непречено користење на услугите на мобилната телефонија преку мобилната телефонија на два телефонски броја и по повластена цена и биле доделени два мобилни телефони. Е.Е., иако невработена, употребила Потврда за работен однос со невистинита содржина како еден од условите да ги склучи гореспоменатите договори кои своерачно ги потпишала.
Во јануари 2013 година преку реализирање на месечни разговори на двата телефонски броја, Е.Е. направила сметки, кои износи заедно со износите за февруари 2013 год и разликата во повластената и редовната цена за земените телефонските апарати изнесувале вкупно 873.006 денари, за кој износ го оштетила „Т-Мобиле“ Македонија . Извршени се проверки во Агенција за вработување на РМ Центар за вработување на град Скопје и добиено е известување дека Е.Е. не била вработена во наведеното правно лице, со што се потврдува дека употребила лажна исправа како вистинска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Маж уапсен бидејќи појадувал со жена (ФОТО)
-
Охриѓанец е осомничен за вчерашното убиство во Велгошти
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките