| четврток, 6 декември 2018 |

Андреј Петров: Опо­зи­ци­ја­та не смее да би­де про­тив пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри

Вле­гов во Со­бра­ни­е­то за да при­до­не­сам да се на­пра­ви из­ме­на, пар­ти­ја­та да дој­де на власт – ко­мен­ти­ра по­ра­неш­ни­от ге­не­ра­лен се­кре­тар на СДСМ, Ан­дреј Пе­тров.  Тој во интервју за најновиот број на „Република” вели де­ка, ко­ја и да е пар­ти­ја, не мо­же да си доз­во­ли да би­де про­тив пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри. Об­јас­ну­ва­ње­то е ед­но­став­но – вла­ста се до­би­ва и гу­би на из­бо­ри, не по­стои друг на­чин за про­ме­на на вла­ста.

Да­ли сме­та­те де­ка со до­го­во­рот за из­ме­ни на Из­бор­ни­от за­ко­ник се ис­пол­не­ти ус­ло­ви­те за пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри? Са­ка ли СДСМ пред­вре­ме­ни из­бо­ри?
Пе­тров: До­го­во­рот за Из­бор­ни­от за­ко­ник зна­чи де­ка и вла­ста и опо­зи­ци­ја­та ги при­фа­ќа­ат ус­ло­ви­те на игра. Ние во 2011 го­ди­на не ус­пе­ав­ме да се до­го­во­ри­ме. Имав­ме се­ри­оз­ни раз­ли­ки со Ни­ко­ла Гру­ев­ски. За тоа мо­жам да збо­ру­вам ка­ко ди­ре­ктен учес­ник на тие пре­го­во­ри во Клу­бот на пра­те­ни­ци­те. Раз­ли­ки­те беа тол­ку го­ле­ми што ние не се сог­ла­сив­ме со та­ков при­стап и тоа ре­зул­ти­ра­ше со усво­ју­ва­ње Из­бо­рен за­ко­ник без кон­сен­зус прв­пат во исто­ри­ја­та на плу­рал­на Ма­ке­до­ни­ја. Се­га има­ме спро­тив­на си­ту­а­ци­ја, при ко­ја из­бор­ни­те пра­ви­ла се за­ед­нич­ки при­фа­те­ни. А, тие, се­ка­ко, се пре­дус­лов за одр­жу­ва­ње фер и де­мо­крат­ски пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри.

Са­ка ли СДСМ пред­вре­ме­ни из­бо­ри?
Пе­тров: Во од­нос на вто­ри­от дел од пра­ша­ње­то, не би мо­жел да збо­ру­вам во име на СДСМ, тоа е пра­ша­ње за пре­тсе­да­те­лот и за за­ме­ник-пре­тсе­да­те­лот на пар­ти­ја­та, кои има­ат кон­гре­сен ле­ги­ти­ми­тет. Мо­жам да го истак­нам сво­јот став де­ка се­ко­ја опо­зи­ци­ја,ко­ја и да е, не мо­же да си доз­во­ли да би­де про­тив пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри. Вла­ста се до­би­ва и се гу­би на из­бо­ри. Не по­стои друг на­чин за про­ме­на на вла­ста. До­кол­ку не се стре­ми­те по­сто­ја­но кон таа цел, да ја осво­и­те вла­ста, за да мо­же­те да ра­ко­во­ди­те со зем­ја­та на по­и­на­ков на­чин од акту­ел­на­та власт, не­ма што да ба­ра­те на ме­сто­то што го има­те.

Петров ве­ру­ва де­ка ГРОМ на Стев­че Ја­ки­мов­ски и Гра­ѓан­ска али­јан­са за по­зи­тив­на Ма­ке­до­ни­ја на Вла­до Буч­ков­ски ќе зе­мат зна­ча­ен број гла­со­ви, но тој број не­ма да би­де ни од да­ле­ку до­во­лен за да би­дат не­кој поз­на­ча­ен фа­ктор на по­ли­тич­ка­та сце­на. Се­пак, ко­мен­ти­ра Пе­тров, ште­та­та што мо­же да му ја на­пра­ват на СДСМ е го­ле­ма. Три-че­ти­ри пра­те­нич­ки ме­ста, кои, на при­мер, би ги зе­ле овие две пар­тии,  би зна­че­ле шест-се­дум за­гу­бе­ни пра­те­нич­ки ме­ста за СДСМ.

Целото интервју можете да го прочитате во најновиот, 77. број на Република, што од денеска, 21.2.2014 година, е во продажба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top