| четврток, 6 декември 2018 |

„С.А.Р.С.“ утре во Куманово

Белградскиот рок бенд „С.А.Р.С.“ во сабота, 22 февруари, ќе одржи концерт во кумановскиот клуб „Лолипоп”.

Популарниот бенд пред македонската публика ќе го промовира новиот албум „Икони на поп-културата” (Иконе поп- културе), кој е нивен 4. по ред. Материјалот излезе пред еден месец, и за три дена по бесплатната објава на интернет е симнат 20.000 пати. На концертот ќе се пеат и омилените хитови од „С.А.Р.С.“, како „Перспектива”, “Буѓав лебац”, “То раде”…

Влезниците во предпродажба чинат 200 денари, а на денот на настанот 250.

Во петок, „Лолипоп” најавува богата хип-хоп забава со диџеј Гоце Саф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top