В сабота, 22 февраури, во Куманово, гостува белградскиот рок бенд “С.А.Р.С” во клубот “Лолипоп”.
Популарниот бенд пред македонската публика ќе го промовира новиот албум „Икони на поп-културата” (Иконе поп- културе), кој е нивни четврти албум по ред. Материјалот излезе пред еден месец, и за три дена по бесплатната објава на интернет е симнат 20.000 пати. На концертот ќе се пеат и омилените хитови од С.А.Р.С. “Перспектива”, “Буѓав лебац”, “То раде”.
Влезниците во предпродажба чинат 200 денари, а на денот на настанот 250.
Во петок, “Лолипоп” најавува богата хип-хоп забава со диџеј Гоце Саф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.