Мајами на изгресонце, Ибица на зајдисонце, дел од убавините на Аруба, ќе донесе специјалниот декор на „Лолипоп” овој викенд, велат од кумановскиот клуб.
Во петок (28.02), ќе се одржи латино-салса забава со диџеј Илија. По повод денот на жената кој претстои, за девојките влезот е гратис, а сите дами ќе добијат и гратис коктел. Ова ќе се случува секој петок од месец март, а регуларно влезот е 100 денари.
Во сабота (01.03), од „Лолипоп” ќе се патува на Малдивите, Миконос и Сен Тропе. Настапува битолскиот бенд „Коунтри диџеј” со микс од латино и хаус музика. Плус, ќе се случува и бармен шоу во живо, а гостите ќе можат да ја резервираат својата лежалка.
Богата викенд агенда во „Лолипоп” завршува во недела (02.03) со настап на Марко и Боки и слободен влез за сите гости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.