
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска е во еднодневна официјална посета на Србија каде што ќе има средба со својот српски колега Иван Мркиќ.
Попоски ќе се сретне и со претседателот и со премиерот на Србија, Томислав Николиќ и Ивица Дачиќ.
Како што соопшти македонското МНР, се очекува теми на средбите да бидат можностите за зголемување на соработката меѓу Македонија и Србија во економијата, образованието, културата, транспортот и земјоделство, како и за натамошен развој на соработката за прашања во интерес на двете држави и за прашањата на евроинтеграциите.
Во тек на посетата на шефот на македонската дипоматија на Србија ќе биде потпишана билатерална спогодба за заемно признавање на јавни документи за здобиено образование и за стручни, академски и научни звања.
Предвидено е Попоски да се сретне и со претставници на македонското малцинство во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


