| четврток, 6 декември 2018 |

Шема ќе ѝ плати на Канческа-Милевска 300 илјади денари бидејќи го загуби спорот на суд

sema

Игор Ивановски

Пратеникот на СДСМ, Игор Ивановски го загуби спорот на суд со министерката Елизабета Канческа-Милевска и ќе мора да плати 300 илјади денари за нарушениот углед и чест.

Популарниот Шема на неколку прес-конфренции во штабот на СДСМ изнел тврдења за проектот „Скопје 2014“ за кои немал аргуметни. Министерката Канческа-Милевска поднесе приватна тужба за него, а судот пресуди дека тој е задолжен да плати 300 илјади денари за нарушената чест и углед.

бети

Елизабета Канческа-Милевска

Ивановски во својство на член на Извршниот одбор на СДСМ неколку пати на прес-конференции кои ги одржа во ноември 2010 тврдеше дека недостасува тендерска документација за проектот за внатрешно уредување на Музејот на ВМРО и дека е уништувана или изнесувана по налог на министерката за што самиот смисли и инвентивно име ,, Патриотска метла“. Тој од говорницата обвинуваше дека проектот е класична перална на стотици милиони евра народни пари и оти се работи за криминал од невидени размери. Како директен виновник ја посочи токму министерката Канческа-Милевска.

Министерката Канческа-Милевска веднаш го повика Ивановски да дојде и да изврши увид во целокупната документација за проектите и инвеститорите и му понуди самиот да избере експерт со кој ќе ја чешла документацијата и ке го лоцира наводниот криминал тежок 8 милиони евра.

Таа побара јавно извинување од Ивановски и најави дека ќе поднесе приватна тужба за него за да може да ги доакаже овие тврдења и обвинувања пред судот. На десетте рочишта Ивановски не презентирал ниту доказ со кој ќе ги поткрепи тврдењата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top