| четврток, 6 декември 2018 |

Какви луѓе сме? (видео)

дете без јакна

Дете, актер, седи на автобуска станица без јакна и се тресе од студ додека паѓа снег. На тоа не остануваат рамнодушни минувачите, а нивите топли реакции ќе ги згрејат и вашите срца.

Во социјалниот експеримент, момчето актер се тресе од студ на автобуската станица, бидејќи јакната му е наводно украдена. Никој од минувачите не останува рамнодушен и му делат ракавици, шал, јакна…

Ова е норвешки огранок на хуманитарната организација „СОС-Детско село“ кој се обидува да ја подигне свеста за децата во Сирија каде што владее војна.

Видеото за еден ден на „јутуб“ го прегледале еден и пол милион луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top