Во Киев, Украина бројот на жртвите во демонстрациите се искачи на 35. Западни медиуми тврдат дека само денеска се убиени најмалку 25 цивили. Група демонстранти зазеле хотел во центарот на Киев и оттаму со снајпери пукаат врз полицајците.
По улиците во Киев не се забележува ниту еден полицаец, сообраќајот е хаотичен, метрото не работи, а украинското МВР ги посоветува жителите на Киев да не користат сопствени автомобили и да не ги напуштаат домовите без посебна причина.
На безбедносните сили дозволено им е да користат огнено оружје во самоодбрана. Радикални демонстранти нападнаа полициски кордон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.