| четврток, 6 декември 2018 |

Министрите за надворешни работи на ЕУ поддржуваат санкции за одговорните за насилството во Украина

Ukraine Protests

Министрите за надворшни работи од Европската унија, кои попладнево се собираат на вонредна средба за Украина во Брисел, во предлог-изјава поддржуваат санкции за одговорните за смртоносното насилство во оваа поранешна советска република и за воведување ембарго за оружје за земјата, пренесе ИТАР-ТАСС.

Претставиците на ЕУ, меѓутоа, предупредија дека текстот подлежи на измени и конечната одлука ќе биде донесена од министрите за надворешни работи подоцна денеска.

Францускиот, германскиот и полскиот министер за надворешни работи во моментов се во Киев, каде што разговараат со украинскиот претседател Виктор Јанукович. Подоцна тие ќе ги известат своите колеги од ЕУ за резултатите од своите средби со претставниците на украинските власти и опозиција.

Европски дипломати, кои посакаа анонимност, вчера изјавија дека неколку земји-членки се противат на наметнувањето санкции за Украина за да не се затварат патиштата за дијалог.

Евентуалната одлука за прифаќање на казнените мерки треба да се донесе едногласно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top