| четврток, 6 декември 2018 |

Виктор во љубовен триаголник (ВИДЕО)

Новата песна на Виктор Апостоловски доби и видеоспот кој од денес може да се погледне на неговиот официјален канал на „Јутјуб„. Љубов и другарство, дружење и љубовни игри се темата на приказната што ја следи динамичната мелодија на „Ти и јас“.

Viktor Apostolovski-Ti i jas 3

– Во видео записот опишана е една интересна љубовна приказна и заплетот што се појавува кога емоциите се присутни. Снимањето на спотот беше забавно искуство но во исто време и напорно, затоа што посветено работевме на кореографијата заедно со десетте танчери од Beatrix Crew, со цел финалниот изглед на спотот да ги задоволи и исполни барањата на публиката и фановите – вели Виктор.

Видеоспотот за песната „Ти и јас“ е поддржан од компанијата „Дурекс“, чијшто амбасадор за Македонија од неодамна е прогласен токму Виктор. Како официјално лице на брендот „дурекс“ за 2014 година, Виктор ја поддржува кампањата за превенција кај младите за заштита од ХИВ/СИДА и сексуално преносливи инфекции.

Видеото се снимаше на две локации, во трговскиот центар „Капитол“ и во хотелот „Стоу бриџ“, а за изгледот на Виктор се погрижил брендот „Колезионе“ ( Collezione). Снимањето и постпродукцијата за видеоспотот го направи продукција „Тривиа“.

Viktor Apostolovski-Ti i jas 8

 

– Следната моја песна ќе биде на англиски јазик, секако ќе има видео запис, повторно со интересен ритам и мелодија, и се надевам дека ќе биде вистински летен хит. Можам само да откријам дека ја подготвуваме во динамичен, диско стил и ќе ме претстави во поинакво издание од она што до сега сте навикнати да го гледате – додаде Виктор.

Виктор, во овој период го привршува својот прв албум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top