Мануел Нојер и Месут Озил заедно и во ист клуб почнаа да ги учат првите фудбалски лекции, а познанството умешно го искористи голманот на Баерн Минхен и неочекувано лесно му го одбрани пеналот на Озил на гостувањето против Арсенал во Лондон.
Аналитичарите што педантно ги бележат сите моменти, веднаш најдоа фотографија на која Нојер и Озил се еден до друг како деца во Гелзенкирхен, учејќи ги првите фудбалски лекции. Во Лондон завчера Нојер беше поуспешен, му го одбрани ударот од белата точка на Озил, а неговиот Баерн славеше со 2-0 во меч од Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.