| четврток, 6 декември 2018 |

Во Драмски театар почнаа подготовките за „Далај мама“ на Љубиша Георгиевски

Ljubisa_Georgoevski

Во Драмскиот театар во Скопје почнаа пробите за новиот проект „Далај мама“ по текст и режија  на  Љубиша Георгиевски. Актерската екипа на претставата „Далај мама“ ја сочинуваат: Благој  Чоревски, Милица Стојанова, Ирена Ристиќ, Диме Илиев, Филип Трајковиќ, Трајанка Илиева, Игор Георгиев, Катерина Шехтанска Лаковска, Игор Ангелов, Валдета Исмаили, Ана Костовска, Александра Павлова. Премиерата на претставата се планира во текот на април 2014 година.

Маркантниот режисер неодамна имаше големо враќање на македонската театарска сцена со премирата во Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Аферата Елсинор“. Со оваа претстава и со „Далај мама“ во Драмски театар тој го одбележува значајниот јубилеј 55 години театарско творештво и 77 години живот. Во прославата на овој значаен јибилеј е и претставата „Геноцид“,  која треба да се изведе на „Битфест“, а при крај е книгата „Театарски магии“.

„Далај мама“ е пиеса за распаѓањето на семејството како резултат на општиот гнилеж на вредностите врз кои почива нашата цивилизација. Човештината е заборавена, љубовта е само фосил, омеѓан од највулгарниот секс, верата претворена во безверие, чесноста е глупост, а глупоста, гордост, логиката се изнасилува дневно, јазикот не служи повеќе за разбирање, па дури и неразбирање. Шумовите во комуникацијата меѓу луѓето се толку моќни, што комуникацијата и самата станува шум! Умот ги мами луѓето со таков интензитет, што тие не им веруваат повеќе ниту на своите очи, ниту на своите уши и веруваќи во самото Ништо, стануваат зомби…

– Режисерот на оваа пиеса, впрочем, како и на секоја друга, ако веќе режира сметајќи дека е доволно добар за тоа, треба да го надополни авторот таму каде што авторот сакал, но не успеал да биде подобар. Бидејќи таквите места на недоволност се доволно бројни во оваа пиеса, режисерот не треба да го надоградува Ирода, туку да ги оплеменува и дотеатрализира слабите места во пиесата, главно со минуциозна обработка на ликовите, како и зададените глумечки задачи на актерите, кои треба да играат како што Чехов мислел дека треба да се играат неговите пиеси, односно без патосот со кој се прослави Станиславски. Точниот опис на емоционалната реакција на публиката на оваа пиеса, треба да биде: Публиката истовремено се смее, плаче и се чуди – вели Георгиевски за новата претстава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top