| четврток, 6 декември 2018 |

Предин се извинува, од УЛЕБ го премолчија инцидентот во Љубљана

Рок-музичарот Зоран Предин се извини за инцидентот што го предизвика во Љубљана, по мечот меѓу Олимпија и Будевељник во рамките на Еврокупот, а луѓето од УЛЕБ кои го организираат ова натпреварување воопшто и не информираа за ќотекот што го добија судиите.

На нивната официјална страница има информација за текот на мечот во Љубљана, но нема ниту еден збор за инцидентот, во кој еден од судиите доби директ од Предин.

– Жалам за инцидентот, а посебно сакам да им се извинам на судиите и на сите навивачи на Олимпија за непромислениот гест. Не знам што ми се случи, реагирав во афект како што не смеам да постапувам. Жал ми е што сето тоа ќе има негативен публицитет кај младите. Јас не сум хулиган, а се надевам дека клубот нема да добие ригорозна казна за мојата лоша постапка по мечот против Будевељник – изјави Предин за словенечките медиуми.

Олимпија загуби на домашен терен од Украинците, а натпреварот за љубљанчани немаше резултатско значење иако во финишот имаше спорна одлука на судиите, како што сметаат „змајчеки“ на нивна штета.

 

ФОТО: „siol.net“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top