| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје врза две победи во АБА лигата, прва гостинска оваа сезона

mzt skopje 1

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, тимот на МЗТ Скопје конечно во 21. коло од АБА лигата успеа да стигнe до првата гостинска радост, совладувајќи ja Олимпија Љубљана со резултат од 72-91.

Аеродромци одлично влегоа во мечот, добивајќи ја воведната четвртина со 12-16, период во кој постојано водеа со разликата од 4 поени. Скопјани во финишот на првото полувреме со поените на Ѓуровски за првпат поведе со двоцифрена разлика (28-38), за да до крајот домаќинот намали само еден поен од негативата и нашиот тим замине на пауза со +9 (33-42).

mzt skopje 2

Домаќинот подобро го отвори второто полувреме и стигна до само -5 (38-43), но во продолжение избраниците на Назор повторно заиграа според посакуваното, па предноста со поените на Темс порасна на највисоки до тој момент +17 (43 -60). До крајот на овој дел од играта, предноста во полза на нашата екипа остана иста и на паузата во пресрет на последните десет минути се замина со резултат од 48-65. Завршната четвртина донесе и +20 за МЗТ Скопје (51-71), со што веќе и беа дефинитивно разрешени дилемите за победникот на денешниот меч, за финална победа од 72-91.

mzt skopje 3

Во составот на МЗТ Скопје, прв поентер со 21 поен беше Темс, додека завиден ефект од 17 поени имаше и Дреновац, а по 15 поени придодадоа и Скот и Ван Острум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top