| четврток, 6 декември 2018 |

Алексеј Швед е МВП на Еврокупот

aleksej sved

Рускиот кошаркар и најскап играч во Европа, Алексеј Швед од Химки е прогласен за МВП на второто по ранг клупско натпреварување, Еврокупот за сезоната 2016/2017. Утре се игра првиот меч од финалето помеѓу Ендеса клубовите Уникаха и Валенсија, а експертите веќе ги избраа најдобрите.

Швед сезоната ја заврши со просечни 22,1 поени, 4 скокови и 5 асистенции. Во идеалната петорка појрај Русинот има место и за Куртис Џерелс (Хапоел Ерусалим), Марди Колинс (Локомотив Кубан), Дејан Мусли (Уникаха) и Бојан Дубљевиќ (Валенсија).

Победникот на Еврокупот следната сезона ќе игра директно во групната фаза на Евролигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top