| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо во друштво на великаните на Реал Мадрид

Кристијано Роналдо си обезбеди место меѓу великаните на Реал Мадрид и отсега ќе биде во друштво на најдобрите 10 стрелци во историјата на „кралскиот клуб“.

Со хет-трикот против Севилја, пред 4 дена, Португалецот се проби на 6. позиција на вечната листа најдобри голгетери на Реал, пред Гент. Роналдо во „белиот дрес“ дури 182 пати ги тресеше противничките мрежи.

Елитата ја сочинуваат фудбалските икони, не само на Реал, туку и на светскиот фудбал, од калибарот на Пири, Аманси, Бутрагењо, Гент, Раул…. Токму Раул е на врвот на вечната листа нај-стрелци на „кралевите“ со импресивни 323 погодоци.

На „Сантјаго Бернабе“, стадионот на Реал беше организирана мини церемонија во чест на Роналдо, а беа присутни дел од легендите на клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top