Во Украина денеска е ден на жалост за жртвите во немирите во Киев, поради што знамињата ќе бидат спуштени на половина копје. Претседателот на Украина, Виктор Јанукович, и опозициските лидери синоќа се договорија за примирје и за почеток на директни преговори за завршување на кризата.
Министрите за надворешни работи на Франција, Германија и на Полска пристигнаа во Украина за да разговараат со власта и со опозицијата за надминување на кризата. Посетата се случува непосредно пред состанокот на европските лидери во Брисел, кои треба да решат за воведување санкции против Украина.
Најмалку 28 луѓе загинаа во досегашните судири меѓу демонстрантите и полицијата. Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен ја повика украинската армија да не се меша во граѓанскиот конфликт во земјата, во спротивно, тој се закани дека ќе се влошат односите со Алијансата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.