| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Скандал во Љубљана: Пејачот на Лачни Франц истепа судија на натпревар од Еврокуп

Словенечкиот пејач Зоран Предин предизивика голем скандал на кошаркарскиот натпревар во Љубљана каде што Олимпија и украинскиот клуб Будивелник играа во рамките на последното коло од Еврокупот.

zoran predin

За љубљанчани натпреварот немаше никакво значење, а салата беше речиси празна. Но, малобројната публика беше бесна на судиите и на крајот на натпреварот на паркетот долетаа голем број монети.

Сепак, најсериозниот инцидент го предизвика Предин, кој од зад грб го удри судијата со рака по глава. Полицијата на самото место му издаде парична казна, а тој изразил жалење поради тоа што го направил.

predin-policija

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top