Овој четврток ќе ја наговестува помената на временските услови. Во текот на денот ќе имаме постепено наоблачување, за веќе во текот на вечерта веќе секаде да имаме облачно време. Сончевите периоди очекувајте ги повеќе во првиот дел од денот. Постои веројатност во јужниот тек на Вардар во земјава повторно да се задржи ниската облачност во поголем дел од денот.
Според метеопро.мк, дневниот максимум на температурата ќе достигне вредност помеѓу 15 и 17 Целзиусови степени во низините. Максимални 18 степени се очекуваат во пелагониската котлина. Во повисоките места во западниот крај се очекува висока дневна температура, со максимум околу 14 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува постепено наоблачување, со подолги сончеви периоди претпладне. Минималната температура ќе има вредност околу 2 степени, а максималната околу 17 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.