Драган Каранфиловски-Бојс е овогодишниот добитник на статуетката „Златна бубамара“ за трајни вредности. Македонскиот пејач, кантавтор на рок, поп, песни за деца, па дури и шансони ги создаде хитовите „Опасно сум вљубен во тебе“, „Валерија“, „Лулај ме нежно“, „Парижанка“, „Весела романтика“, „Афричко лето“…, вечерва ја доби статуетката.
Kариерата ја почна со рок-музика во 1973 година формирајќи ја групата „Македонија“. Своите најголеми успеси, како автор и музичар, ги остварува како член на тогаш култната битолска група „Мадригали“, преименувана подоцна во „Трн во око“. Со овие груши ги сними своите најпознати рок-песни, а со „Мадригали“ во 1977 година на гитаријадата во Заечар ја освојува првата награда од публиката и првата награда од музичкото списание „Џубокс“.
Од опусот со песни што ги напиша за други пејачи, и денес се слушаат „Јануарска ноќ“ на Зафир Хаџиманов, „На минус 23“ на Трајче Манев, макфестовската „Искро моја“ на Игор Џамбазов и „Заведи ме“, која ја сними неговата ќерка Верица Kаранфиловска. Токму таа како дел од женската четворка „ХХЛ“ ја претставуваше Македонија на Евровизија 2000 година со рефренот што тој го напиша „100% те љубам“.
Драган Kаранфиловски последниве години активно твори и детска музика, а е автор на музиката и за неколку ТВ-емисии. Тој беше иницијатор на битолскиот фестивал за тинејџери „Старс“, на кој своите први чекори на музичката сцена ги направија Влатко Илиевски и Ѓорги Kрстевски.
Фото: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


