| четврток, 6 декември 2018 |

Албанец од Македонија исечен на парчиња и спакуван во куфер

Телото на 46-годишната жртва е пронајдено во два куфера во близина на аеродромот во Хамбург.

Германската полиција соопшти дека телото му припаѓа на Албанецот од Македонија Зекири Хамза. 

 

Форензичарите откриле дека Хамза бил убиен со удари во глава.

Жртвата живеела во градот Билстед, но редовно доаѓал во Хамбург.

Полицијата се сомнева дека трупот во куферите бил оставен од октомври 2013 година, а куферите ги нашле две момчиња пред една недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top