Екс лидерот на СДСМ и поранешен Претседател на државата, Бранко Црвенковски има најмногу номинации од општинските организации на социјалдемократите за партиска кандидатура за претстојните претседателски избори.
Речиси и да нема општинска организација која не го предложила Црвенковски за претседателски кандидат.
Втор на листата е Стево Пендаровски, име кое се вртеше во јавноста изминатиов период. Тој е близок соработник на Црвенковски, но досега Пендаровски негираше дека кој било од партијата разговарал со него за евентуална претседателска кандидатура.
На листата можни кандидати се и Радмила Шекеринска, заменик претседател на СДСМ, Илинка Митрева, пранешен минисер за надворешни во владите на Социјалдемократите.
Меѓу предлозите од општинските организации е и екс гувернерот, Петар Гошев, како и првиот министер за надворешни работи, Денко Малевски.
Масовната номинација на Црвенковски од речиси општински организации, според изворите на Сител му предизвикува сериозен проблем на актуелното раководство.
13 март е последниот рок до кога Партиите терба да ги достават кандидатурите за претстојните претседателски избори.
Два дена по распишувањето на јавниот конкурс, според извори во ВМРО-ДПМНЕ досега се уште не е поднесена ниту една кандидатура за партиската конвевција закажана за 1 март.
Во игра за претседателски кандидати се и Зоран Поповски, од ГРОМ, кој ги собра потребните 10.000 потписи, Билјана Ванковска, како единствен засега независен кандидат и Стојанчо Ангелов од Достоинство. Ванковска и Ангелов имаат уште 12 дена за собирање на потребните потписи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.