Во Косово нема да има избирачки места за парламентарните избори во Србија, што ќе се одржат на 16 март, туку само во центри за собирање на гласови за луѓето кои имаат двојно државјанство, изјави советникот на косовскиот премиер Беким Чолаку.
Тој наведе дека политичката ситуација значително е променета со Договорот од Брисел и оти 2014 не може да се изедначува со 2012 година.
Инсиститањето на српските власти парламентарните избори да се организираат и во Косово со помош на Организацијата за безбедност и соработка во Европа и по моделот од 2012 година различно се толкуваат од косовските експерти.
Професорот од Универзитетот во Приштина, Мазлум Баралиу изјави дека евентуалното организирање на парламентарни избори во Косово би било незаконско и надвор од уставните рамки на Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации