Оперската претстава „Атила“ вечерва во 20 часот, ќе биде изведена на сцената на Македонската опера и балет и тоа ќе биде последна изведба на оваа оперска претстава. Претставата премиерно беше изведена минатата сезона, по повод 200 години од раѓањето на големиот оперски композитор Џузепе Верди. Во главните улоги во среда ќе настапат: Атила: Иван Томашев (Србија), Ецио: Нико Исаков (Бугарија), Одабела: Весна Ѓиновска Илкова, Форесто: Ѓорѓи Цуцковски, Улдино: Дејан Стоев, Леоне: Диме Петров. Режисер – Дејан Миладиновиќ, (Србија) и диригент – Ѓорѓе Павловиќ (Србија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.