Трибината Книжевни разговори посветени на темата: „Кои и какви книжевни дела се преведуваат во Република Македонија
и колку се читаат македонските автори?“ ќе се одржи утре напладне, во Спомен- собата Браќа Миладиновци. Темата е провокативна и комплексна. Таа може да се прифати како целина, но и како дводелен предизвик за разговор и растолкување на нејзината комплексност. Бидејќи преводот на станските книжевни дела на македонски јазик и односот на македонските читатели кон делата од македонските автори е компатибилен процес кој е поврзан со општата рецепцијата на книжевните дела кај нас, но и со формирањето на некакви „пазарни“ вредносни судови.
Кои фактори влијаат на формирањето на таа сложена целина: Дали изборот на книгите за превод, кавлитетот на книжевниот превод, или името на преведениот автор? Дали рекламата, ангажманот на издавачите, или пазарните параметри? Дали имаме квалификувана читачка публика? Дали темите, или книжевните награди и медиумското присуство поврзани со одредено преведено дело, влијаат на создавањето на вистинската слика за тој автор и тоа дело? Каде, во таа „вредносна втрелешка“ се македонските автори и нивните дела? Дали македонските автори со нивните „македонски“ теми се „досадни“ за македонските читатели. Колку тие можат да се „спротистават“ на инвазијата од преводна литература? Каков е квалитетот на книжевниот превод – се преведува книжевно и вредносно или брзо и пазарно? Во контекстот на вреднувањето на домашните автори, од страна на читателите, дали има вонкнижевни инструментариуми кои влијаат врз „ побарувачката и потрошувачката“ на македоската книжевност- пред се во контекст на рецепцијата на македонските дела од страна на македонската читачка пубика ,во Република Македонија? Дали се согласувате со виртуелната максима : Непознат македонски автор надвор од Република Македонија- непознат дома!? Како контрапункт на ова би следувало: Дали тие што се познати надвор од Република Македонија, се доволно познати и вреднувани дома?
На Книжевните разговори, како водедничари, своето присуство го потврдија: Луан Старова, Венко Андоновски, Анастазија Ѓурчинова, Бојан Саздов,Ташко Ширилов и Паскал Гилевски. Разговорите ќе ги води Братислав Ташковски.
На трибината се поканети и: Веле Смилески, Раде Сијлан, Зоран Анчевски, Ресул Шабани, Михаил Ренџов, Наташа Аврамовска, Јовица Тасевски – Етернијан, Жарко Кујунџиски, Марта Маркоска, Иван Антоновски …
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.