Граѓанската асоцијација МОСТ апелира до Државната изборна комисија поскоро да го заврши процесот на формирање нови 504 избирачки места.
– Со оглед на тоа што рокот за објавување на описите на избирачките места е 28 март, односно по завршувањето на јавниот увид во Избирачкиот список, апелираме до ДИК да го заврши овој процес што е можно побрзо, изјави денеска на прес-конференција Теодора Поповска, задолжена за односи со јавност во МОСТ.
Формирањето на нови 504 избирачки места е согласно последните измени на Изборниот законик според кој бројот на избирачи на едно избирачко место не може да надминува илјада гласачи.
Граѓанската асоцијација ги повикува граѓаните да ги проверат своите податоци во избирачкиот список. Потсетуваат дека проверката може да се изврши во подрачните одделенија на ДИК или, пак, на интернет-страницатаhttp://izbirackispisok.gov.mk . Увидот во Избирачкиот список завршува на 7 март и дотогаш може да се изврши промена на податоците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот