Меѓународното Училиште „НОВА“ и Меѓународната Фондација „Борис Трајковски“ и оваа година ќе доделат три целосни и десет делумни четиригодишни стипендии за школување на талентирани ученици за учебната 2014/2015 година.
Рокот за поднесување на апликации трае од 17 февруари до 6 март. Условите за конкурирање опфаќаат солидно познавање на англиски јазик и математика како и одличен успех од петто до осмо одделение. При селекцијата, на кандидатите ќе им биде зададена тема за есеј и ќе бидат спроведени тестирања за проверка на знаењата по англиски јазик и математика. Најдобрите дваесет и пет кандидати ќе бидат повикани на интервју пред комисија, a конечниот список на добитници ќе биде објавен на 2 април.
Програмата за стипендирање на талентирани ученици која започна во 2005 година досега има презентирано шест успешни генерации матуранти, кои своето образование го продолжија на врвни американски и европски универзитети. Минатогодишните целосни стипендисти го продолжија своето образование на Универзитетот „Оксфорд“, во Велика Британија, „Јакобс“ универзитетот во Германија, и Универзитетот на Југоисточна Европа во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доделување стипендии „Борис Трајковски” за постдипломски студии
-
Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради 145 училишни спортски сали, доделуваше стипендии и воведе спортска пензија
-
Доделени 95 стипендии на првиот конкурс за студенти по математика, физика и хемија
-
Објавен Конкурсот за стипендии за студирање на 100-те најдобри универзитети во светот