Полицијата во Скопје го уапаси 33-годишниот Б.М. кој во последните два месеци „оперирал“ на подрачјето на скопската населба Аеродром.
Тој во попладневните часови им приоѓал од зад грб на случајни минувачи и со употреба на физичка сила ги ограбувал. Во привиот случај украл женска чанта во која имало златно ланче, мобилен телефон, паричник со пари и други лични документи, а во вториот случај одзел мобилен телефон и паричник со пари и лични документи.
Притоа, по извршувањето на второто кривично дело пријавениот откако се качил во такси возило и се упатил кон Скопски Саем, од страна на единицата „Алфа“ бил пронајден и приведен каде го признал првоито, но го негирал второто дело.
На скопјанецот му се одредени 8 дена притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.