„Кнор Бренсе“ e eдна од австриските компании која е сериозно заинтересирана за инвестирање во Македонија. Се работи за компанија која изработува сопирачки за возови. Првиот човек на к0мпанијата Манфред Рајснер, на бизнис форумот во Виена, информираше дека неодамна отвориле компанија во Скопје „Ека“ која се занимава со тестирање на сопирачки на возови и нивна продажба и оти таа ќе стане целосно оперативна од 1 март.
– Во Македонија гледаме можност за пристап до голем пазар. Сакаме да ја развиеме и прошириме компанијата од ЈИЕ во светски снабдувач на нашите производи. За да го оствариме тоа потребни се одредени инвестиции во неа. Се надевам дека нашите бизнис-
планови ќе се остварат, дека ќе инвестираме, ќе вработиме луѓе, ќе изградиме потребни капацитети – изјави Рајснер од „Кнор Бренсе“.
Тој изрази задоволство што слушнале за мерките што ги презема македонската Влада, а што ќе биде од корист за реализација на нивните бизнис планови за инвестирање, јави дописникот на МИА.
Рајснер истакнал дека нивната компанија вработува 20.000 луѓе и има обрт од четири милијарди евра. Седиштето на компанијата е во Германија, а делот во Австрија е одговорен за Источна и Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија.
И останатите австриски компании, кои се запознаа со можностите и предностите за правење бизнис во Македонија, сериозно размислуваат да инвестираат во земјава.
Сабина Кидс од компанијата „Алса“ рече дека нивната компанија го проучува македонскиот пазар неколку години и смета дека нуди
многу добри услови и можности за странските инвеститори.
– Има многу лесни процедури за отворање и водење бизнис. Во земјата ги има и сите потребни експерти кои ни се неопходни за формирање на компанијата, за нејзино водење и финансиска поддршка. Многу сме задоволни од условите што ги нуди Македонија во кои и лично се уверивме – изјави Кидс.
Таа додаде дека Македонија нуди многу поволен даночен пакет во споредба со другите земји, особено во однос на оданочувањето на добивката која во моментов е нула проценти ако не се дели дивиденда. Според неа, ова за нив како компанија е многу атрактивен и
поволен услов и планираат да инвестираат во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
“Чоколадни капки “ – самостојна изложба на Ѓорѓе Јовановиќ во галеријата Hoast во Виена
-
„Исцелител“ во Виена прогласен за најдобар дебитантски филм во Југоисточна Европа
-
„Исцелител“ на Меѓународниот филмски фестивал во Виена
-
Ќерката ја давел со кабел, сопругата ја избодел до смрт, па си пресудил себе си – крвава Нова година!